Уште еден странски инвеститор заминува од земјава. Германската компанија БМЗ до крајот на годинава ќе го затвори погонот во зоната во Скопје.
Одлуката ја донеле откако направиле сеопфатна економска анализа, а производството од тука го префрлаат во Полска.
За затворањето се известени скоро сто работници кои се дел од оваа компанија.
БМЗ го препознава влијанието кое оваа одлука ќе го има на вработените во Северна Македонија. Компанијата е целосно посветена оваа транзиција да ја комплетира одговорно, транспарентно и со почит кон сите вработени, стои во дописот од компанијата.
За заминувањето на компанијата која поризведува батериски системи известени се и во ТИРЗ. Од таму за Телма пак со оптимистички тонови. Тврдат дека инвеститор кој подолго време работи тука сака да преземе дел од вработените на БМЗ, но не откриваат за кого станува збор.
Уверваат и дека деновиве во земјава ќе дојде друг странски инвеститор од Европска Унија со кој ќе се разговара да го преземат погонот на БМЗ, без да откријат повеќе детали која е и со што се занимава, дали е од автомобилската индустријата или од друг сектор.
Освен БМЗ претходно и од АПТИВ соопштија дека до крајот на годината ќе го затворат погонот. Клуч на врата стави и американска Дура, но за нив од Тирз соопштија дека ќе бараат да вратат дел од државната помош.
Дел од странските компании пак најавија дека нема да можат да ги реализираат планираните вработувања.
Изминатиов период и неколкумина инвеститори се пожалија дека не ја добиле и државната помош, а сметаат и дека е потребна поголема грижа за инвеститорите кои работат тука.
Овие проблеми настанаа со трбуленциите на пазарот во Европа, од каде пристигнуваат најмногу нарачки.
Инаку, заклично со првиот квартал странските инвестции во земјава изнесуваат нешто над 200 милиони евра.
Од ТИРЗ одамна најавија и нова стратегија за привлекување инвеститори од странство, но таа сѐ уште се чека.
Ирена Чачкова
