Вести Македонија

Велешанка касната од пајак „Црна Вдовица“, пренесена е на скопските клиники

Од пајак „Црна вдовица“ е касната 61-годишна жена од Велес  додека работела во поле во велешкото село Еловец. По каснувањето почувствувала силни болки во раката и грбот, вртоглавица и грчеви низ целото тело, по што била примена во Ургентниот центар во Велес.

Лекарите ѝ укажале итна медицинска помош, а по консултација со Клиниката за токсикологија во Скопје, таа била стабилна и е пуштена на домашно лекување.

Инаку пајакот бил донесен во болницата, каде што лекарите потврдиле дека станува збор за црна вдовица.

Од Велешката болница велат дека не паметат ваков случај во последните четири децении. Црната вдовица живее во карпестите предели на Велешко, а нејзиниот отров е силен невротоксин кој може да предизвика силна болка, мускулни грчеви, потење и мачнина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Италија повеќе не ги прифаќа македонските возачки дозволи, за иселениците ова е ризик да останат без работа

Kristina Kuzmanovski

Нови 106 случаи на труење во Гостивар за 24 часа – вклучен аларм за жолтица

Kristina Kuzmanovski

МВР со апел: Внимавајте, лажни пораки од „Безбеден град“ крадат информации

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе