Џорџ Расел дојде до својата втора сезонска победа, а седма во кариерата, откако славеше на трката за Големата награда на Австрија во Формула 1.
Британецот ја искористи пол-позицијата и ја претвори во триумф на патеката „Ред Бул Ринг“. Расел успеа да се одбрани од налетот на Макс Ферстапен, кој во завршницата сериозно се доближи, но на крајот мораше да се задоволи со второто место.
На победничкиот подиум се искачи уште еден возач на Мерцедес, Кими Антонели, кој финишираше трет и со тоа го задржа првото место во генералниот пласман.
Зад водечката тројка низ целта мина Оскар Пиастри, додека Луис Хамилтон заврши како петти. Во бодови влегоа уште Исак Хаџар, Ландо Норис, Шарл Леклер, како и тандемот на Рејсинг Булс, Лијам Лосон и Арвид Линдблад.
Антонели и натаму е лидер во генералниот поредок со 171 бод. Расел се искачи на второто место со 131 бод, односно 40 помалку од својот тимски колега од Мерцедес, додека трет е Хамилтон со 125 бодови.
Следниот викенд се вози трката за Големата награда на Велика Британија на патеката „Силверстоун“.
