Кошарка Спорт

Шведска пресилна за младите македонски кошаркари на ЕП Б-дивизија

Младата македонска кошаркарска репрезентација до 20 години загуби убедливо од Шведска во третото коло од Европското првенство Б-дивизија, кое се одржува во Братислава.

Шведска ја наметна својата игра уште во првата четвртина, која ја доби со 23-16. Во продолжението само ја зголемуваше предноста, а Македонија немаше соодветна противигра. На полувремето Швеѓаните водеа со 45-32.

Во третиот период негативата драстично се зголеми. Шведска брзо дојде до предност од 20, а потоа и од 30 поени. Нашите младинци во последната четвртина успеаја само да ја намалат разликата за конечни 64-86.

Во македонскиот состав само еден кошаркар имаше двоцифрен учинок. Марко Луканоски запиша дабл-дабл со 15 поени и 13 скока.

За Македонија ова беше втор пораз на турнирот, по оној од Република Ирска. Единствената победа ја оствари на првиот натпревар против домаќинот Словачка. Утре од 21 часот Македонија игра против Азербејџан во последното, петто коло од групата А.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лазов перфектен, Македонија ја совлада Летонија за прва победа на ЕП

Sportska Redakcija

ЖРК Ѓорче Петров со Бањик Мост во Европската лига, Тиквеш и ЖРK Вардар ги добија ривалите во ЕХФ Купот

Sportska Redakcija

Вардар во Финска брка европско чудо и пресврт против КуПС

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе