До кога државниот имот ќе биде лесен плен за крадците, а никој нема да одговара?
Два трансформатори, тешки повеќе од 30 тони, се превртени, бакарните намотки се извадени, подстаницата е уништена, а штетата се проценува на околу 5 милиони евра. Според пријавата, сето ова се случувало со месеци, без никој да забележи. Како е можно да се превртат трансформатори тешки по 30 тони? Кој може да изврши ваква операција, а никој од вработените ништо да не забележи? Повторно се наметнува истото прашање – како е можно вакво нешто да се случува со месеци?
АНКЕТА: Каков епилог очекувате за оваа кражба?
А) Сторителите ќе бидат откриени и казнети или
Б) И овој случај ќе остане без епилог
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
