Вести Свет

Двегодишно девојче исчезна во Србија- за првпат вклучен системот “Најди ме” додека од воздух пребаруваат дронови и хеликоптери

Србија го вклучи системот “Најди ме” (Амбер алерт) за првпат откако попладнево исчезна двегодишната Данка Илиќ. Девојчето исчезнало денеска околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле кај Бор, а во потрагата по девојчето се вклучени сите дежурни служби на Министерството за внатрешни работи на Србија, се користат дронови со топлотни камери, хеликоптери и кучиња трагачи во потрагата.

Мајката го пријавила исчезнувањето на детето околу 15.00 часот, а во потрагата учествуваат и локални жители.

Српското МВР ја соопшти следната информација за исчезнатото девојче – „Двегодишното девојче Данка Илиќ исчезна денеска околу 13 часот и 45 минути во населбата Бањско Поље, ул. Војвода Радомир Путник бр. 19, град Бор. Има кафеава коса, кафеави очи, височина околу 85 см. Во моментот на нејзиното исчезнување таа носеше маслинесто зелена јакна, виолетови панталони и црни патики“.

Мајката на девојчето за медиумите во Србија изјавила дека била со ќерката и синот во Бањско поле кога девојчето исчезнало.

„Живееме во Бор. Ги донесов да трчаат наоколу и да се прошетаат. Моите родители се по потекло од овде и јас често престојував таму како дете“, вели мајката на Данка, Ивана Драгомировиќ.

„Додека се свртев,  ја снема. Уште нема две години, во мај ќе наполни. Не зборува уште. Ја повикував, таа не ми одговори. Во близина има шума. Му се молам на Бога што побрзо да ја најдеме“, изјавила мајката за медиумите во Србија.

Потрагата ја отежнуваат темнината и студот. Девојчето одговара на името, но сè уште не зборува. Последен пат таа била видена како се упатува кон шумата во близина на селото.

Просторот од 6-7 километри е пребаруван неколку пати, но детето се уште не е пронајдено.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе