Одбојка Спорт

Гавриловиќ го скрати списокот: Одбојкарките со две контроли против Косово пред Европската лига

Селекторот на женската одбојкарска репрезентација, Милош Гавриловиќ, го скрати списокот на 16 одбојкарки кои ќе бидат дел од тимот за претстојните два пријателски натпревари со Косово, но и за стартот на Европската лига. Подготовките траат веќе две недели, а првиот турнир нашите одбојкарки ќе го играат од 5 до 7 јуни во Порто.

Во изборот на новиот селектор се најдоа три дебитантки: одбојкарката на Газели Волеј, Даниела Горбок, како и средните блокерки на Младост УГД, Стефанија Кипријановска и Андреа Митиќ. По подолга пауза на скратениот список е и Мила Дикова, а тука се и Ерјона Јонузи и Софија Пандева на позицијата техничари. Во тимот се и добро познати имиња како Мери Бошкова и Теа Терзиевска.

Дуелите со Косово ќе бидат последна подготовка пред настапот во Европската лига. Во петок, на 29 мај, во СЦ „Форца“ во Скопје, нашите одбојкарки ќе го одиграат првиот контролен натпревар против Косово, додека вториот е закажан еден ден подоцна на гостински терен.

Македонија првиот турнир од Европската лига ќе го игра во Порто, каде покрај домашната селекција на Португалија, ќе ги одмери силите и со Унгарија.

ФОТО: Одбојкарска федерација на Македонија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе