Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Главната цевка на водоводот во Гостивар била преместена за проектот Коридор 8 на Бехтел и Енка во мај годинава

Последната поголема интервенција на водоводната мрежа во Гостивар била направена на 7 мај годинава, открива интернет порталот на јавното претпријатие Комуналец. Гостиварчани биле предупредени дека од 7 до 19 часот нема да имаат вода за тоа што поради работи на Коридор 8 од Бехтел и Енка ќе се преместува главната водоводна цевка. Дел од луѓето кои се обратија до Телма велат дека се сомневаат дека проблемите тогаш се зголемиле.

„Поради градежни активности во рамки на Коридор 8, односно дислокација на главната градска водоводна линија (Ø500 mm) од страна на компанијата Бехтел и Енка, ќе дојде до привремен прекин на водоснабдувањето. Овој прекин е неопходен за безбедно и ефикасно извршување на работите за дислокација на главната водоводна мрежа“, велат од ЈП „Комуналец“ – Гостивар

 На проширувањето на делницата Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани активно се работи и тоа токму околу Гостивар. Сепак денеска на прашањата на Телма не одговорија ниту од Општината ниту од Комуналното претпријатие, а од конзорциумот Бехтел и Енка најавија одговор за тоа што точно се случувало при градежните работи. Автопатот е проект кој се реализира преку Јавното претпријатие за државни патишта, од каде исто така за сега одговори нема. ЈПДП и Комуналец вчера си ја префрлаа вината за тоа зошто проектот за надградба на водоводниот систем не е ставен целосно во функционија. Проблем биле 16 илјади и 500 денари, кои Комуналец му ги борчи на државното претпријатие.

Телма веќе објави дека проектот од 7 милиони евра кој го финансирал Швајцарскиот државен секретаријат СЕКО не е во целосна функција, па притисокот на водата во водоводот е слаб или делови од Гостивар немале вода. На епидемијата и претходеа протестите  на жителите на Дебреше неколку денови пред да бидат вклучени пумпите кои требало да и дадат сила на водата, но ја загадија.

Извори од Финансиската полиција утрово брифираат дека добиле писмо од обивнителството со назнака ИТНО, да се преземе целата финансиска документација за проектот „Водоснабдување на Гостивар II“. Образложението било дека е отворена истрага после медиумските написи. ОД обвинителството за Телма потврдуваат декае  оформен посебен предмет само за реализацијата на проектот. Во меѓувреме се уште трае истрагата за директротката и двајцата раководители кои дале налог на вработени во Комуналец да ги постават пумпите на 25 јуни, од кои подоцна водата беше загадена со фекалии.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велешанка касната од пајак „Црна Вдовица“, пренесена е на скопските клиники

Kristina Kuzmanovski

Италија повеќе не ги прифаќа македонските возачки дозволи, за иселениците ова е ризик да останат без работа

Kristina Kuzmanovski

Нови 106 случаи на труење во Гостивар за 24 часа – вклучен аларм за жолтица

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе