Вести Македонија

Полицијата уште ги бара двајцата вандали кои со шовинистички пораки го „нагрдија“  српското културно друштво во Куманово – Работиме интензивно, велат од СВР Куманово

Полицијата се уште не ги открила двајцата вандали кои ноќта петок кон сабота го исчкртаа со навредливи пораки влезот на Културно Уметничкото друштво „Српски Вез“ во Центарот за култура во Куманово.

„Ве информираме дека СВР Куманово интензивно работи на расчистување на случајот по што соодветно ќе ја известиме јавноста“, ни одговорија од полицијата.

Снимките кои ги објави министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ покажуваат како две лица излегуваат од автомобил и за неколку минути цртаат пораки кои според Стоилковиќ се навредливи и шовинистички и кои содржат УЧК.

По настанот, вчера попладне реагираше со осуда кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

„Најостро го осудувам вандализирањето на просториите на КУД ‘Српски вез’ во Куманово. Барам од органите на истрагата да го утврдат идентитетот на сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата. Куманово отсекогаш бил град на мултикултура и соживот, таков и ќе остане“,порача Димитриевски, кој порача дека ваквите активности не се патриотски, туку шовинистички и со една цел – подгревање на националната нетрпеливост.

Реагираше и пратеникот од Куманово, Оливер Спасовски кој покрај остра осуда за вандалскиот чин, нагласи дека ваквите постапки се неприфатливи и не смеат да бидат причина за нарушување на меѓуетничките односи и соживотот по кои Куманово е препознатливо.

„Верувам дека станува збор за изолиран инцидент кој не ги отсликува вредностите на нашите граѓани.  Очекувам надлежните институции брзо и темелно да го расчистат случајот, да ги утврдат сторителите и да постапат согласно законот. Само со навремена и одлучна реакција ќе испратиме јасна порака дека нема место за омраза, вандализам и провокации“, наведе Спасовски во својата реакција.

Стоилковиќ во својата објава наведе дека вандализирањето на српското културно друштво е еден во низата случаи и дека зад сето тоа стојат инспиратори од политиката. Министерот и доскорешен вицепремиер порача и дека претходните напади биле премолчувани и неосудувани во јавноста.

Миомир Серафиновиќ

Вандализирано српското културно друштво во Куманово

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

И Мицкоски со став дека Протоколот со Бугарија не е дел од Преговарачката рамка

Kristina Kuzmanovski

И Мицкоски со став дека Протокол со Бугарија не е дел од Преговарачката рамка

Sasko Dimovski

Заболените од западно-нилска треска се од Скопје и сите не патувале надвор од државата – регистрирани се и заразени од маларија, Денга-треска и Зика

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе