Не може обвинителството и истрагата да бидат поважни од здравјето на граѓаните, вели професорот Никола Пановски во изјава за Телма.
Тој е зачуден бидејќи надлжените здравствените институции не ги објавуваат резултатите повикувајќи се дека обвинителството ја наредило анализата.
-Дали немаше да прават анализи, ако обвинителството не го побараше тоа, ни рече професор Пановски.
Пановски вели дека во својата кариера од 1973-та досега (тогаш како студент почнал да се занимава со епидемии) не слушнал за вакво нешто ниту кај нас ниту во светот и дека необјавувањето на резултати ја попречува и лекарската работа и грижа за граѓаните кои се затруени. Резултатите мора да им се кажат на лекарите во Гостивар за да знаат дали нивните пациенти се заразени со бактерија, вирус или евентуално некој токсин, ни изјави Пановски.
Професорот Никола Пановски ни појасни дека резултатите од анализите се битни и за прочистување на водоводната мрежа за да знаат надлежните комунални служби како да го исчистат и тоа чистење според него, треба да почне уште денеска.
Во продолжение видеото од целата изјава на професорот Никола Пановски.
