Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Вашингтон ќе одржи одделни средби со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и украинскиот претседател Володимир Зеленски, во време кога конфликтите во Украина и Иран влегуваат во чувствителна фаза.
Според најавите од Белата куќа, со Нетанјаху ќе се разговара за состојбата на Блискиот Исток, Иран, односите меѓу Израел и Либан, како и за проширување на Аврамовите договори.
Меѓувреме, Зеленски ќе побара дополнителна американска поддршка за противвоздушната одбрана, вклучително и ракети за системите „Патриот“, како и продолжување на соработката во одбранбениот сектор.
Средбите се одржуваат во период на засилени дипломатски напори за ставање крај на двата конфликта, но засега без конкретни знаци за брзо постигнување мировен договор.
По разговорите во Белата куќа, Зеленски се очекува да има средби и со американски сенатори.
