Во четвртокот попладне, Собранието на раб на потребниот цензус и на мнозинство, го избра Исмаил Синани за нов член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Владеачкото мнозинство го избра и покрај критиките на невладиниот селктор кој постојано се бори на терен против дискриминацијата бидејќи сметаат дека Синани кој е новинар по професија, а политиколог по образование, нема искуство, а има опасни ставови против феминизмот и родовата еднаквост. КОД открива дека повеќе организации биле известени дека Синани ќе биде избран три недели пред воопшто да се појави на јавната расправа во Собранието и да ја претстави својата кандидатура.
Во КОД интервју со кандидатката за позиција во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Јасна Оровчанец Аранѓеловиќ. Таа од 2011 година континуирано работи во областа на човековите права, еднаквоста и заштитата од дискриминација. А како адвокат застапувала лица и групи изложени на дискриминација и го добила првиот случај во кој судот утврдува дискриминација во државата учествува и во работната група која го подготвува новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација.
Во текот на својата кариера има значаен придонес во подготовка на правни мислења, анализи и препораки, и во зајакнувањето на институционалните капацитети за заштита на човековите права но и во подготовката на Акцискиот план за недискриминација 2025 и 2026. Но, сето ова за Собраниската комисија не беше доволно за да ја избере наспроти Синани. Со Јасна Оровчанец Аранѓеловиќ разговаравме за ваквата одлука на пратениците, состојбата на антиродовите движења, дискриминацијата и влијанијата во општеството.
КОД истражува кој ги финнсира антиродовите движење и која е улогата на религиозните групи, на руското влијание и на влијанието на американски десничари врз општествениот живот во Македонија и регионот.
Емисијата, премиерно беше прикажана на Телма, на 14.06.2026.
