Вести ДИРЕКТНО Македонија

Боцевски: Досега ниеден политичар немаше да ја пропушти шансата земјата да ја внесе во ЕУ ако таа беше дадена

Македонија никогаш немала реална и јасна шанса за членство во Европската Унија, оцени поранешниот вицепремиер за европски прашања Ивица Боцевски во емисијата „Директно“.

Според него, во македонската јавност со години се наметнува погрешен наратив дека државата пропуштила „историски шанси“ за евроинтеграција, иако, како што вели, вистинска политичка одлука за прием на Македонија во ЕУ никогаш не постоела.

„Јас не верувам во пропуштени историски шанси за Македонија во делот на европската интеграција затоа што немавме шанса. Кога ЕУ ќе донесе политичка одлука една земја да стане членка, тогаш не постои ништо што може да го запре нејзиниот пат, дури и кога таа земја ќе почне да се однесува спротивно на препораките од Унијата“, изјави Боцевски.

Тој направи споредба со претходните проширувања на Европската Унија, посочувајќи дека земјите кои влегле во ЕУ во 2004, 2007 и 2014 година имале јасен политички консензус од Брисел за членство, нешто што, според него, Македонија никогаш не го добила.

Боцевски оцени дека вината не може целосно да се бара кај македонските политичари, бидејќи, како што рече, ниту еден лидер не би пропуштил вистинска можност државата да стане дел од Европската Унија.

„Можеме да им најдеме замерки на поранешните политичари и на Киро Глигоров, Бранко Црвенковски, Љубчо Ѓорѓиевски, Борис Трајковски, Ѓорѓи Иванов, Никола Груевски еве и на Зоран Заев меѓутоа зарем некој од нив би пропуштил шанса која ја има во нозете, ако би бил фудбалер да ја внесе Макеоднија во ЕУ, ни под разно. Би го изиграл тоа маестрално. Зборуваме за наши услови политичаришта. Друго е во премиер лига, но во наши услови тоа беа врвни политичари и уште се. Немаше Македонија шанса, ниту понуда од ЕУ за членство. Можеби во краткиот период од солунската агенда во 2003 година до францускиот референдум имаше момент“, објаснува Боцевски. 

Според него, единствениот период кога Македонија можеби имала извесен моментум за напредок кон ЕУ бил периодот по Солунската агенда во 2003 година, сè до францускиот референдум, по што процесот на проширување влегол во застој.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Договорен сум за прием на два пилота, ги повикувам сите останатите со над 400 часови летање да дојдат да поразговараме

Sasko Dimovski

Ангелов: Моја цел е набавка на уште три Ер трактори

Sasko Dimovski

Судир на ставови за новата дозвола на „Титан УСЈЕ“ – граѓаните со критики, институциите во одбрана

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе