Магазин

(фото)„Толку долго чекаат што речиси сите ги знаат по име, освен нивните семејства“ – ЈП Лајка започнува кампања за вдомување на кучиња

Започнуваме нова кампања за вдомување посветена на кучињата кои најдолго престојуваат во прифатилиштето и со години чекаат некој да им даде шанса за нов живот. Во рамки на кампањата, за реализиравме фотосесија на кучињата кои со години остануваат незабележани, иако станува збор за здрави, социјализирани и подготвени за вдомување миленици, сопштуваат од ЈП Лајка.

  • Во наредниот период, јавноста ќе има можност да се запознае со секое од нив преку серија објави во кои, покрај фотографии, ќе бидат раскажани и нивните животни приказни  колку долго чекаат, каков карактер имаат, што сакаат, што научиле и зошто сè уште немаат свој дом.

Зад секое куче што со години е во Лајка се крие приказна која заслужува да биде слушната. Тие не се бројки, туку живи суштества кои секој ден го чекаат истиот момент – некој да дојде токму по нив. Со оваа кампања сакаме да им дадеме видливост на оние кои најдолго чекаат и да покажеме дека времето поминато во прифатилиште не ја намалува нивната вредност како идни домашни миленици.

Кучињата кои се дел од кампањата со години се под грижа на ЈП Лајка. Тие се хумано третирани, социјализирани и секојдневно работат со вработените и волонтерите. Голем дел од нив учествуваа во бројни прошетки и активности, каде покажаа дека се одлични придружници и подготвени за живот во семејство.

Почина Циги, маскотата на ЈП „Лајка“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Шпанските голмани со Вештачка интелигенција (AI) тренираат за Кристијано Роналдо и натпреварите на Светското првенство

Дејан Дејан

(Видео)Вирално „запросување“ на врвот на Емпајер Стејт Билдинг: руските руфтопери уапсени по опасен спектакл над Њујорк

Tea Dimkovska

Почина Циги, маскотата на ЈП „Лајка“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе