Вести ДИРЕКТНО Македонија

Ружин: Два концепта на проширување создадоа фрустрации на земјите од Западен Балкан

Постепената интеграција е техничка алтернатива на застојот во проширувањето, но фрустрациите кај земјите кандидати остануваат, вели поранешниот амбасадор во НАТО Нано Ружин во емисијата „Директно“. Европската Унија се обидува да најде нов модел за проширување во услови на променета геополитичка реалност по руската агресија врз Украина, оценува поранешниот македонски амбасадор во НАТО, Нано Ружин.

„Проширувањето е силна алатка на Европската Унија која се користи уште од нејзиното создавање, но периодот од 2004 година до денес се смета за неуспешен во однос на приемот на нови членки“, вели Ружин.

Според него, во 2022 година се судриле два различни концепта на проширување – традиционалниот, заснован на Копенхашките критериуми за земјите од Западен Балкан и Турција, и геополитичкиот пристап, преку кој Украина и Молдавија добија перспектива за побрзо приближување кон Унијата.

Ружин смета дека токму оваа состојба ја натерала ЕУ да бара ново решение преку постепена интеграција на земјите кандидати во европските институции и политики.

„Се бараше нова формула – постепено интегрирање. Тоа покажува желба за нови членки на ЕУ, но воедно претставува и техничка алтернатива за надминување на проблемите во кои се заглави Унијата“, нагласува Ружин.

Тој посочува дека земјите од Западен Балкан сакаат да бидат дел од овој процес, иако јавноста во регионот сè уште е разочарана од бавното темпо на европската интеграција. За Северна Македонија, според Ружин, секое понатамошно приближување кон ЕУ останува поврзано со исполнување на преземените обврски, вклучително и уставните измени.

Поранешниот амбасадор оценува дека постепеното вклучување во европските институции би можело да овозможи земјите кандидати да ги користат придобивките од Унијата уште пред полноправното членство, додека паралелно ги исполнуваат критериумите за пристапување.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Размена на обвинувања меѓу Груевска-Маџоска и министерот Љутков по нејзината оставка – Веселинка Лаброска е нова претседателка на Советот за македонски јазик

Дејан Дејан

„Нека се живи и здрави, не им се лутам“- Стевче Јакимоски за судиите кои му потврдија 1 година затвор, а тој смета дека власта сака да спречи да се кандидира за градоначалник

Дејан Дејан

Помина една година, а конфекциите Фермактекст и Европа Фешн не им исплаќаат платите и придонесите на работниците- пријавено е и во МВР

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе