Ландо Норис победи на трката за Големата награда на Унгарија и ја забележа првата победа во Формула 1 сезонава. Возачот на Мекларен славеше пред Макс Ферстапен, додека лидерот во генералниот пласман Кими Антонели го освои третото место.
Норис стартуваше од пол-позицијата, но уште во првиот круг го загуби водството од својот тимски колега Оскар Пјастри. Британецот подоцна успеа да се врати на првото место и да стигне до првиот сезонски триумф.
Мекларен остана без двојна победа на 15 круга до крајот, кога Пјастри се повлече поради проблем со менувачот, иако во тој момент се наоѓаше на второто место. Норис вторпат по ред славеше на „Хунгароринг“ и стана петти различен победник на последните пет трки.
Ферстапен го израмни својот најдобар резултат сезонава, додека Антонели од седмото стартно место стигна до подиумот. Хамилтон заврши петти, откако доби казна од пет секунди поради пребрзо возење во боксот и падна зад својот тимски колега Шарл Леклер.
Исак Хаџар беше шести, Џорџ Расел финишираше на седмото место, а најдобрите десетмина ги комплетираат Лијам Лосон, Нико Хулкенберг и Арвид Линдблад.
Во генералниот поредок Антонели е лидер со 219 бодови, пред Хамилтон кој има 50 бодови помалку, додека Расел е трет со 160 бодови.
Сезоната продолжува по летната пауза со трката за Големата награда на Холандија на 23 август.
