Вести Македонија

ДУИ молчи, Европскиот сојуз за промени обвинува за политичка „касапаана“ за боксовите во МНав

Вчера некаде околу 15 часот координаторот на огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири преку социјалните мрежи му го честиташе роденденот на својот претседател Али Ахмети. Потоа, тргна во пресметка со некои вработени во Мнав кои му искажале непослушност.

Со години, Незири е висок функционер од ДУИ. Во Новогодишната честитка со која посакува нов живот во општина Чаир, се потпишува како „министер за благослови“. Но, партијата што му дава власт, вчера и денеска одбра да молчи за инцидентот во М-НАВ.

Политичкиот опонент, Европскиот сојуз за промени, кој `се уште ја води општината на локално ниво, ја обвини ДУИ за губење на политичкиот компас и за политичка „касапаана“.

-ДУИ личи на касапааната од 2006 до 2008. Не можеме да го препознаеме. Нервозни се луѓето и секој ден прават грешки. Нова Година со нови грешки и нови глупости, рече еден од лидерите на Европскиот сојуз за промени, Изет Меџити.

ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека партиското раководство и власта знаеле за однесувањето на Незири. Бара оставки.

-Се помалку од итно приведување на Беким Незири ќе е гола соработка со тепачите. Бараме итни неотповикливи оставки од директорите и членови на раководните тела на М-НАВ, како и оставка од неспособниот Благој Бочварски, изјави портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Доцна синоќа, Владата веќе најави дека на првата наредна седница, во вторник, ќе биде разрешено целото раководство и Управниот одбор на М-НАВ, а побарана е и ревизија на нивната работа.

Незири и сега има функција во грижата за македонското небо како советник во Државната воздухопловна навигација. Претходно, бил член на Управниот одбор и директор. Во неговата биографија е запишано и министер за економија,  избран по директорувањето во Фондот за пензиско осигурување.

Во јули, Ахмети уште еднаш покажа колку му верува. Во моментите кога Изет Меџити тргна во обратен правец од оној на ДУИ, Незири стана координатор на партискиот огранок во Чаир. Во тоа својство, пред две недели учествуваше на изборот на нов Младински форум за оваа важна скопска општина.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ниту Осман Кадриу не доби двотретинско мнозинство за да стане претседател на Уставен суд

Дејан Дејан

Белгија размислува за активирање на „нуклеарната опција“ против Унгарија

Дејан Дејан

Васиќ Бозаџиева и без противкандидатка не доби поддршка за претседателка на Уставен, Телма дознава дека повторно ќе се гласа но за Осман Кадриу

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе