Се обиде да им врачи благодарници и да им им се придружи на закажаниот протест точно на пладне, но истите благодарници му беа вратени на крајот на протестот.
Вака првиот човек на здравство Беким Сали им пристапи на своите колеги нагласувајќи дека ги разбира нивните барања, но сепак им порача дека Светскиот ден на здравјето е ден за оддбележување, не и протестирање.
„Во името на сите колеги овие благодарници ќе ги примиме во подобри времиња сега ги враќаме затоа што сите колеги се незадоволни и сметаат дека не е решение ова“ – изјави еден од матичните лекари.
Матичните лекари ги повторија своите барања пред министерот Сали, да се зголеми капитацијата која за сега изнесува 65 денари, пациентите да се водат на ординацијата, промена на режимот на лекови и важење на препораките за хронична терапија, да се промени казнената политика, како и промена на буџетите за специјалисти и лаборатории.
„Моделот кој што е од 2001 година тоа е модел на капитација кој не е доволен, каде што нема доволен број на пациенти, не можат да земат добра капитација луѓето. Долги години имавме министри кои не ги прифаќаа нашите стратешки барања“ – изјави Лидија Чолакова Дервишова, претседателката на Здружението на матични лекари.
„Во малите места има места каде има пациенти, а нема доктори. Има места каде нема доктори. И тоа не е усогласено со политиките на Фондот и политиките на Министерството за здравство и второто мотивот кој недостасува еден млад лекар да пристапи да работи како матичен лекар. И ние сме едениствен сектор во државата во кое при отворање на ново ПЗУ, не му следуваат никакви стимулации“ – вели Кирчо Стојчевски, лекар од Валандово.
Свесни сме за овие проблеми, но нивното решавање треба да биде системско, порача министерот за здравство.
Во моментов министерството има работна група која работи на решавање на проблемот, додава Сали.
„Ние разговараме и за тоа, меѓутоа дали ќе се согласиме ние заедно тука како министерство со Фондот за здравство и здруженијата на сите здравствени работници за капитација или пак тоа ќе биде троен пакет кој што го имаме разговарано. Тоа е момент на договор меѓу Министерство за здравство, Фондот за здравство и здруженијата“ – вели Министерот за здравство, Беким Сали.
Според Сали тројниот пакет би подразбирал покривање на трошоците на приватните здравствени установи, кирија и основни плати за вработените. Вториот дел припаѓа на секоја здравствена установа за манпулативни трошоци што ги имаат и третиот дел е реализација на цели кои ги има министерството како здравствени политики и Фондот за здравство како превентивни мерки .
Нина Стефанова
