Вести Свет Топ вести

Гутереш по разговорот со Путин: Нема шанси за мир во Украина

Шансите за мир во Украина  „во оваа фаза се минимални“, изјави синоќа генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш по телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

-Имам чувство дека сме многу далеку од мир. Би лажел ако кажам дека мирот може да се случи наскоро, рече Гутереш на прес-конференција.

„Немам илузии, во оваа фаза шансите за мировен договор се минимални“, рече Гутереш, додавајќи дека дури ни примирјето не е на повидок.

Гутереш додаде дека ги продолжува контактите со двете страни и дека се надева дека еден ден ќе може да се оди кон разговори на повисоко ниво.

Генералниот секретар на ОН разговараше со Путин и за извозот на руски прехранбени производи и ѓубрива.

Кремљ по телефонскиот разговор меѓу двајцата функционери соопшти дека Путин му кажал на генералниот секретар  на ОН дека украинските житарки приоритетно треба да одат во земјите каде што се најпотребни.

Кремљ, исто така, соопшти дека се разговарало и за нуклеарната централа Запорожје и за посетата на тимот на Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН (МААЕ), како и дека Гутереш пренел дека се подготвува посета на експерти на ОН на затворот Оленивка, во источна Украина, каде десетици украински воени затвореници загинаа во бомбардирањето на крајот на јули.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полицијата уште ги бара двајцата вандали кои со шовинистички пораки го „нагрдија“  српското културно друштво во Куманово – Работиме интензивно, велат од СВР Куманово

Дејан Дејан

И Мицкоски со став дека Протокол со Бугарија не е дел од Преговарачката рамка

Sasko Dimovski

Заболените од западно-нилска треска се од Скопје и сите не патувале надвор од државата – регистрирани се и заразени од маларија, Денга-треска и Зика

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе