Вести Македонија Топ вести

Се очекува да почне испораката на српски зејтин во земјава

Тргна маслото од Србија. Денеска се очекува да бидат испорачани првите количини од договрените два милиони литри зејтин.

Но, кога ќе бидат достапни во маркетите, од земјоделие велат дека тоа зависи од договорите со трговците.

„Маслото за јадење кое се увезува од Република Србија, официјално започнува да пристигнува од денеска. Одлуката за тргање на забраната за увоз на масло за јадење е објавена во Службен весник на Република Србија. Динамиката за тоа како ќе тече увозот на маслото и дистрибуцијата до маркетите зависи од договорите на компаниите. Министерството и Владата ќе го следи процесот на дистрибуцијата на маслото за јадење до маркетите“, велат од министерството за земјоделство.

Одлуката  на Србија за испорака на масло ,  за домашните производители не значи  ништо.

Од Брилијант за Телма велат дека резерви  имаат за само еден месец.  Неможејќи  да чекаат Србија да донесе одлука за испорака на потребната суровина за производство, набавуваат од други земји, а тоа може да ја зголеми цената.

Владата веќе даде препорака маркетите самите да одлучат колку шишиња зејтин  максимално може да продадат на еден купувач.

А ако не се почитува ова, Владата утре на седница ќе донесе одлука со која ќе ги огранили количините. Ваквата  препорака дојде откако било регистриранои дека некои граѓани купувале цели пакети зејтин.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе загинати во урнат трговски центар, 40.000 домаќинства без струја – првичен биланс по силниот земјотрес во Јапонија

Sasko Dimovski

Полицијата уште ги бара двајцата вандали кои со шовинистички пораки го „нагрдија“  српското културно друштво во Куманово – Работиме интензивно, велат од СВР Куманово

Дејан Дејан

И Мицкоски со став дека Протокол со Бугарија не е дел од Преговарачката рамка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе