Вести Македонија Топ вести

Впишувањето на Бугарите во Уставот не е единствениот услов за тргање на бугарското вето

Бугарија нема да го подигне ветото за Македонија дури и ако Бугарите станат дел од македонскиот Устав, порача денеска од Охрид потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, и рече дека за влез во Унијата потребно е исполнување на сите точки од договорот, меѓу кои е и почитување на правата на Бугарите во Македонија, иако Бугарија не ги признава правата на Македонците таму. Јотова вели дека во бугарскиот Устав нема малцинства.

Ние немаме малцинства во нашата земја, таков ни е основниот закон, а кај вас е различно и како што видовме со последниот попис вие сте една повеќенационална земја, што е многу убаво затоа што тоа е богатство за една држава. Повеќе години работев во Советот на Европа и ЕУ и ќе ви кажам дека тоа што го цитирате од Стразбур, тоа решение на судот е за човековите права и никогаш во него не пишувало дека Бугарија треба да го признае македонското малцинство, изјави Јотова.

Историчарот Александар Литовски, вели дека бугарските политичари не ги гледаат ниту Македонците низ историјата, ниту сега Македонците околу нив.

Бугарија не сака да прифати дека постојат Македонци и тука нема компромис. Историјата е дел од националниот идентитет и за историјата не може да се преговара. Но, мислам дека дел од нашите политичари ова не го разбираат. Не смее да се тргува со националната струја на македонскиот народ, вели д-р Литовски.

За отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, македонскиот премиер Ковачевски рече дека Владата ги почитува слободните убедувања на сите граѓани и побара реципроцитет за  Македонците во Бугарија

Се работи за контроверзна историска личност, која во Република Северна Македонија е доживувана на различен начин од различни групи на граѓани. Сепак, бидејќи се работи за граѓанска иницијатива, согласно Европската конвенција за човекови права, со која ние сме целосно усогласени, ваквите проекти не се предмет на државен надзор. Воедно Владата и јавноста со нетрпение го очекува денот кога и кај нашите соседи ќе созрее времето кога и таму оние граѓани кои имаат, на пример, македонско самосознание, ќе можат на ист таков слободен начин да ги практикуваат своите уверувања, изјави премиерот Ковачевски за МИА.

Но, Литовски смета дека вчерашниот настан е големо понижување за Македонија затоа што со името на Ванчо Михајлов се врзани низа фашистички и антимакедонски политики

Рехабилатацијата на фашизмот и антимакедонизмот преку ликот на делото на Ванчо Михајлов е нешто што денес во 21 век, на среде македонска држава, е недозволиво да се случува за што треба да се замислат политиките чинители, пред се Владата и главните политички партии во државата, рече Литовски.

Вчера целиот државен врв на Бугарија, предводен од премиерот Петков, дојде во Битола на отворањето на културниот центар Ванчо Михајлов, а многумина битолчани тоа го доживеаја како провокација и излегоа на мирни протести да го изразат својот револт. Денеска дел од бугарската делегација беше во посета на Охрид.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полицијата уште ги бара двајцата вандали кои со шовинистички пораки го „нагрдија“  српското културно друштво во Куманово – Работиме интензивно, велат од СВР Куманово

Дејан Дејан

И Мицкоски со став дека Протокол со Бугарија не е дел од Преговарачката рамка

Sasko Dimovski

Заболените од западно-нилска треска се од Скопје и сите не патувале надвор од државата – регистрирани се и заразени од маларија, Денга-треска и Зика

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе