Вести Свет

Денеска во ОН ќе се гласа за резолуцијата за Сребреница

Денеска во 16 часот по европско време почнува седницата на Генералното собрание на Обединетите нации.

Единствена точка е расправата за предлогот 11 јули да се прогласи за меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница во 1995 година и гласањето за Резолуцијата за геноцид во  Сребреница.

Како иницијатори се споменуваат Германија и Руанда, а Македонија е еден од коспонзорите што беше лична одлука на министерот на ДУИ, Бујар Османи.

Во групата на земји кои ќе ја поддржат Резолуцијата покрај Македонија се споменуваат и Црна Гора, Хрватска, Бугарија и Словенија.

Унгарија најверојатно ќе биде против, а Грција воздржана. Ден пред гласањето српскиот претседател Александар Вучиќ со порака, утре ќе видиме кои ни се вистинските пријатели.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови повисоки цени на бензините

Дејан Дејан

Шест туристи починаа во Грција поради топлотен бран

Дејан Дејан

Судијката Билјана Иванова времено упатена за вршител на должност претседател на Основен суд Берово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе