Uncategorized Вести Македонија Топ вести

ДУИ бара министерот Дурмиши да биде разрешен

Демократската унија за интеграција бара од Владата да го разреши министерот за економија Дурмиши. Според партијата, министерот „нема визија, ниту план за справување со економските кризи“.

„Она што го предупредуваше ДУИ веќе се случува. Нема никаква интервенција од Владата за да се заштити животниот стандард на граѓаните, оставајќи ги на милост и немилост на случувањата. Република Северна Македонија во моментов функционира без функционално Министерство за економија, во време кога се очекува значително зголемување на цените на основните производи, на трошоците за транспорт и, воопшто, поскапување на животот за граѓаните“, пишува во соопштението на Демократската унија за интеграција.

Доколку итно не се имплементираат предложените мерки, Демократската унија за интеграција очекува  цените воопшто да се зголемат за повеќе од 10%, што сериозно ќе ги оптовари семејните буџети во земјата.

„Уште еднаш ја повикуваме Владата сериозно да ги разгледа предлозите на ДУИ, кои ќе ја имаат нашата целосна поддршка доколку мерките за заштита на граѓаните се процесуираат и усвојат во Собранието“, пишува во соопштението од ДУИ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ИЈЗ: Препораки до населението во Гостивар

Igor Trajkov

50 илјади литри дневно питка вода за Гостиварчани

Igor Trajkov

Ново „добредојде“ на влезот на Скопје – отстранет билбордот со грешките

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе