Охридскиот регион повторно е пред сериозна опомена од УНЕСКО, кое предлага да биде впишан на Листата на светско наследство во опасност поради ограничениот напредок во решавањето на долгогодишните проблеми – загадувањето, отпадните води, дивоградбите и неконтролираната урбанизација. Иако Македонија минатата година доби дополнителен рок, УНЕСКО повторно оценува дека нема доволно резултати. Зошто ниту една власт не ги решава овие проблеми, туку само ги одложува, и има ли уште време да се спаси Охрид?
АНКЕТА: Дали Охридскиот регион ризикува трајно да го загуби статусот на светско наследство на УНЕСКО? Да/Не
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
