Вести Македонија Најважни

И партиите бараат виновници, но не ги гледаат во своите редови

Партиите и од власта и опозицијата бараат одговорност за здравствената ситуацијата во Гостивар, но на различни места ја лоцираат вината.

ВМРО – ДПМНЕ прстот го вперува кон опозицијата и обвинува дека локалната власт не рeагирала .

ОД СДСМ сметаат дека се доцни со прогласување на епидемија  и  дека ова не е тема за терање политика .

„СДС, ДУИ и Таравари додека славеа и се радуваа на победата се беше добро, а денес кога треба реакција и одговорност никаде ги нема. Зошто доцни реакцијата ? Зошто немавме брза реакција на службите на локално ниво и одговорност? Дали СДС, ДУИ и Таравари сметаат дека овој скандал ќе помине неказниво? Над 1000 наши сограѓани беа директно или индиректно завршени во болница поради труење од несовесното раководење на општинските институции. Затоа, бараме одговорност и расплет на овој скандал кој го доживува Гостивар“ – вели Мартин Андоновски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар.

„Наместо да се фокусираат на прогласување на епидемија, помош на граѓаните и решавање на проблемот со водоснабдувањето, ВМРО продолжува со истата пракса – да префрла одговорност на други и да прави политички поени од туѓа несреќа. СДСМ нема никаква врска со управувањето на градот и ние нема да дозволиво оваа тема ВМРО да ја злоупотребува Граѓаните на Гостивар во овој момент се згрозени од нивните политички игри. Граѓаните очекуваат одговорна власт која ќе се занимава со нивното здравје, а не со напади врз опозицијата“ – изјави организацискиот секретар на СДСМ, Зоран Трифуновски. 

Додека партиските препукувања и обвинувања траатм сите се согласуваат дека состојбата во Гостивар каде над 1500 граѓани се пријавиле во болница со здравствени проблеми е сериозна и очекуваат  истражните органи да дојдат до одговорните.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бесконечно докажување траен инвалидитет

Igor Trajkov

„Добредојде“ со грешки: Отстранет билбордот на влезот во Скопје

Igor Trajkov

Здравствените власти ќе прогласат епидемија во Гостивар

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе