Вести Македонија

„Здрава котлина“ со сомнежи за новиот управител на „Euromax Resources“

Граѓанската иницијатива „Здрава котлина“ се сомнева во намерите кои стојат зад назначувањето на литванскиот адвокат, Андриус Смалиукас, за нов управител на „Еуромакс Ресурсес“.

Тие сметаат дека ваквите чекори не се случајни, со оглед дека досега правник не бил поставуван на чело на компанијата.

Според Централниот регистар, промената е одобрена на 17-ти јуни, а Смалиукас ја презема управувачката функција со неограничени овластувања.

Неговиот професионален ангажман е поврзан со комерцијална арбитража и решавање меѓународни спорови, а според објавената биографија има учествувано во повеќе од 70 арбитражни постапки како арбитер, застапник или експерт.

Поради тоа, во јавноста се отворија прашања за можните следни чекори на компанијата во спорот околу концесијата.

 „Знаете што човекот се гледа дека има искуство во арбитражни спорови и сметаме дека со оглед на правната ситуација во којашто се наоѓа компанијата се вкупно концесијата е  по наше мислење донесен да направи одреден психолошки притисок во насока во некакво спогодување со Владата затоа што ако беше за арбитража тие ќе покренеа арбитража одамна така што мислам дека немаат интерес да покренат арбитража затоа што ќе поминат многу потешко од што беше случајот со Казандол“, вели Ѓорги Танушев од „Здрава котлина“.

Проектот Иловица-Штука повторно е во фокусот по неодамнешната одлука на Вишиот управен суд. Од „Здрава котлина“ велат дека Владата не треба да потпаѓа под било какво влијание, туку да ги одземе концесиите.

„Во овој случај за Иловица постојат далеку повеќе правни аргументи, докази и се останато што сигурно нема да помине на било која арбитража било каде. По наше мислење ова е еден вид психолошки притисок врз Владата демек дојден е некој што има искуство во арбитража и сега ќе пробуваме да се спогодуваме“, вели Ѓорги Танушев од „Здрава котлина“.

Од иницијативата порачуваат дека ќе продолжат да ги следат сите постапки поврзани со проектот и очекуваат институциите да постапуваат согласно законските процедури.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зeмјоделците барат закон за спас на оризопроизводството

Igor Trajkov

Бесконечно докажување траен инвалидитет

Igor Trajkov

„Добредојде“ со грешки: Отстранет билбордот на влезот во Скопје

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе