Вести Свет Топ вести

Претседателот на Унгарија поднесе оставка откако парламентот го поддржа неговото разрешување

Унгарскиот претседател Тамаш Шуљок се согласи да се повлече од функцијата, потпишувајќи измена на Уставот со која неговиот претседателски мандат ќе заврши на полноќ во недела.

Партијата Тиса на премиерот Петер Маѓар ја изгласа законската измена во парламентот, со што беше овозможено разрешувањето на Шуљок, кој се смета за близок соработник на поранешниот премиер Виктор Орбан. Орбан ја загуби власта во април, по 16 години на чело на унгарската влада.

Шуљок имаше рок од пет дена да ја потпише уставната измена, во спротивно земјата ќе се соочеше со продолжена уставна криза и можност за покренување постапка за негово отповикување.

Тој потврди дека ќе ја потпише измената непосредно пред истекот на рокот во саботата вечер, но во соопштение ја обвини владата на Маѓар дека го нарушува владеењето на правото.

Според Шуљок, измената претставува „пресвртна точка за унгарската уставна демократија“, додавајќи дека „темелните вредности на едно слободно општество се погазени во интерес на политичката моќ“.

Ова е најновиот и најдраматичен потег на владата на Тиса, која го сметаше Шуљок за продолжена рака на претходната власт и подолго време бараше негова оставка.

Откако убедливо победи на изборите во април, новата влада спроведе низа значајни уставни измени.

Со 17-тата измена на Уставот, која беше усвоена во понеделник со убедливо мнозинство, претседателскиот мандат на Шуљок се прекинува поради, како што е наведено, „сериозно губење на довербата“ во него.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД и Иран разменија напади откако двајца американски војници беа убиени во Јордан

Дејан Дејан

СДСМ: Празни најави на Мицкоски за случајот во Гостивар, време е да се се преземе одговорност

Igor Trajkov

Мицкоски за случајот во Гостивар: Одговорност ќе има, јавноста ќе добие одговор што се случило

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе