Вести Најважни Свет

САД и Иран разменија напади откако двајца американски војници беа убиени во Јордан

Соединетите Американски Држави синоќа извршија нов бран воздушни напади врз Иран, насочени кон неговите крајбрежни системи за надзор и противвоздушна одбрана, соопштија американски воени претставници.

Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека успешно биле погодени ирански воени капацитети, додека иранските државни медиуми јавија дека бил погоден островот Кешм во Ормускиот Теснец.

Американската војска тврди дека цел на напад биле припадници на Иранската револуционерна гарда (IRGC), кои, според САД, се одговорни за нападот во Јордан во петокот, во кој загинаа двајца американски војници, додека уште еден припадник на американската војска сè уште се води како исчезнат.

Како одговор на најновите американски напади, иранската армија соопшти дека извела напади со беспилотни летала врз две американски воени бази во Кувајт, пренесоа државните медиуми.

Во последните денови САД и Иран значително ги засилија меѓусебните напади, при што двете страни меѓусебно се обвинуваат за напади врз критична инфраструктура.

Во саботата, Иран соопшти дека извел „масовни напади со камиказе-дронови“ врз американска воена база- кампот Удаири“ и врз уште еден објект во воздухопловната база „Али Ал Салем“ во Кувајт, според новинската агенција Тасним, која е поврзана со Иранската револуционерна гарда.

Според централната команда, нападите, кои биле дел од  осмата последователна ноќ на воени операции, биле „осмислени со цел дополнително да ја намалат способноста на Иран да го загрозува комерцијалниот бродски сообраќај во Ормутскиот Теснец“.

Во соопштението се додава дека САД сакале  „брзо да ги казнат силите на Иранската револуционерна гарда кои ја извршија синоќешната акција против американските војници во Јордан“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Празни најави на Мицкоски за случајот во Гостивар, време е да се се преземе одговорност

Igor Trajkov

Мицкоски за случајот во Гостивар: Одговорност ќе има, јавноста ќе добие одговор што се случило

Igor Trajkov

47-ми „Марш на ангелите“ – пораки до институциите кои потфрлиле да ги заштитат младите животи

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе