Славко Винчиќ од Словенија ќе биде главниот судија во финалето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, во кое в недела ќе се сретнат Шпанија и Аргентина. Негови први помошници ќе бидат сонародниците Томаж Кланчник и Андраж Ковачич.
–Во прв момент ми беше шок, а потоа среќа. Неверојатна чест е да се суди финале на светско првенство. Ова е нешто за што сонува секој судија, изјави 46-годишниот Винчиќ.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
