Вести Економија Топ вести

Кризната состојба за нафтата продолжена за уште три месеци поради ризици во снабдувањето

Кризната состојба на пазарот со нафта и нафтени деривати продолжена за уште три месеци.  Поради скокот на цената на светските берзи кои предизвикаат зголемување на цените на горивата и дома, владата одлучи кризната состојба од 21 јули да ја продолжи до 21 октомври, поради ризици во снабдувањето.

Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање на мерки доколку дојде до нарушувања во снабдувањето или до значителни ценовни шокови на меѓународните пазари на нафта и нафтени деривати, соопштија од Владата 

Најверојатно во понеделник ќе се намали и акцизата за горивата. Премиерот Мицкоски пред неколку дена кажа дека поради новите случувања има услови за да се направи тоа, но рече дека ќе почека да види како берзите ќе ја затворат неделава.

И домашните експерти оценија дека треба да се продолжи, но да се внимава со носењето на мерките со образложение дека домашниот буџет не е во најдобра состојба и нема да може да издржи голем товар, со оглед на тоа дека пред скоро исто се делуваше со одредени мерки кои се скапи за државната каса.

Поради трбуленции на светските берзи, со последната одлука на РКЕ, литар дизел поскапе за 5, 5 денари, а бензините за денат и половина.Исто и пред една недела имаше нагорна корекција на цените на горивата.

Според, она што може да се види од берзанските извештаи за една недела цената на Брент нафтата е зголемена за околу 14 отсто. Таа еден од важните параметри кои се користат при носењето на одлуките за цените на горивата во земјава.

Во моментов се тргува по максимална цена од скоро 86 долари за барел.

Ваквите случувања дојдоа по обновувањето на нападите меѓу САД и Иран, кои повторно ја зголемија неизвесноста за тоа што ќе се случува во иднина и до кога ќе траат ценовните притисоци.

Ирена Чачкова 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Словенецот Винчиќ ќе го суди финалето Шпанија-Аргентина на СП, се расплака кога го известија

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Свлечиште затрупа згради во Кина, луѓе заробени под урнатините

Kristina Kuzmanovski

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 18.7.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе