Вести Култура Македонија

Расте интересот на читателите за класиците

И покрај тоа што многумина ќе забележат дека се помалку луѓето имаат време за читање, сепак летниот период и актуелните попусти во книжарниците го покажуваат спротивното. Различни генерации, различни профили на читатели низ лавиринтите на книжевноста во потрага по книга која барем за миг ќе му пркоси на ова брзо темпо на живеење и внимание кое трае се покусо.

„Со оглед на тоа дека сум на лице место секој ден се чита, навистина се чита. Летниов период најмногу одат трилери и романси, и на мое огромно изненадување класици. Значи класици се трошат кај нас најмногу. Се враќаат во мода и пријатно сум изненадена.

И кога би требало да анализираме зошто се најчитани трилерите романсите ?

На целокупната ситуација којашто се случува. Мислам дека луѓево се под голем притисок, еве и за себе зборувам. Многу ми е полесно да се опуштам со романса или со трилер. За романсите во реалниот живот знам дека не е така како што е , а трилерите ми се фаворит во било кое време од годината“,  вели тонски Ивана Божиновска, книгоиздателство „Антолог“ )

„Во текот на летните попусти како што кажавте најголем интерес кај читателите забележуваме во класиците. Ние имаме цела едиција која се нарекува „Библиотека безвременски“ и сега скоро ја издадовме „Демони“ на Достоевски како дополнување на едицијата и интересот е особено изразен за романите на Достоевски.

Исто така покрај класиците тука е и популарната психологија, но и македонски домашни автори и нивните книги се меѓу најчитаните во нашите книжарници“, рече  Ангела Бошкоска, книгоиздателство “ТРИ“ .

За време на летниот распуст чести посетители се и најмладите во потрага по задолжителните и изборни лектири. За издавачите секој ден е предизвик доколку знаеме дека во време на економска криза голем број производи поскапеа, но како што велат и самите не и книгата и покрај тоа што трошоците за хартија и печатење се драстично зголемени последниве неколку години.

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Пропадна можноста за суштински изборни реформи, ДПМНЕ и СДСМ си обезбедија 10 милиони евра за политичка пропаганда

Sasko Dimovski

СДСМ: Вистинската штета не се изгубените 4,2 милиони евра, туку застојот на евроинтеграциите

Sasko Dimovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, ДУИ и Левица се блокатори на Изборниот законик и на реформите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе