Спорт Фудбал

Мундијалот во американски стил: Шампионите ќе добијат специјални прстени (ВИДЕО)

Победникот на Светското фудбалско првенство првпат во историјата, покрај трофејот и златните медали, ќе добие и специјални шампионски прстени. ФИФА одлучи во фудбалот да воведе уште една препознатлива традиција од американскиот спорт. 

Светската фудбалска федерација ќе изработи ограничена серија од вкупно 2.026 прстени, во чест на годината во која се одржува турнирот. Триесет од нив ќе им припаднат на членовите на репрезентацијата што ќе победи во финалето меѓу Шпанија и Аргентина, додека преостанатите 1.996 ќе бидат пуштени во продажба како официјален производ на ФИФА.

На едната страна од прстенот ќе биде прикажан трофејот на Светското првенство, а другата ќе биде приспособена на идентитетот на новиот шампион. Секој прстен ќе биде посебно нумериран и изработен според мерките на сопственикот, а со него ќе се добива и сертификат за автентичност. Капитенот и селекторот веднаш по финалето ќе добијат привремени прстени, додека персонализираните примероци подоцна ќе им бидат врачени на сите 30 членови на победничкиот тим.

Финалето ќе има уште еден силен белег на американската спортска култура. За првпат на едно Светско првенство ќе се одржи музичко шоу на полувремето, по примерот на Супербоул, на кое ќе настапат Мадона, Шакира, БТС и Џастин Бибер. 

На финалето ќе присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп, кој заедно со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, се очекува да му го врачи трофејот на победникот. Трамп не присуствуваше на ниту еден од претходните 102 натпревари на Мундијалот, а минатото лето беше на истиот стадион за финалето на Светското клупско првенство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Еурофарм Пелистер против екипи од три големи ракометни земји во Европската лига

Sportska Redakcija

 Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство 2026

Sportska Redakcija

(Видео) Словенецот Винчиќ ќе го суди финалето Шпанија-Аргентина на СП, се расплака кога го известија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе