Вести Македонија Најважни

Прогласена епидемија во Гостивар

Здравствените власти попладнево прогласија епидемија во Гостивар. Одлуката е донесена откако е надмината неделната граница на заболени и во последните 24 часа досега најголем број на гостиварчани побарале медицинска помош во градската болница „Ферид Мурад“.

„ Поради зголемениот број на заболени со гастроентеритис и надминување на лимитот на неделно ниво, ЦЈЗ – Тетово, одделение за епидемиологија Гостивар , пријавува епидемија на ниво на подрачјето на Општина Гостивар. Овие неколку дена е зголемен бројот на заболени“ – соопшти Др. Зорица Зафировска, епидемиолог од одделение за епидемиологија -Гостивар.

Епидемиолошките анализи се во тек, бројката се подобрува но сепак не е доволна па затоа од ИЈЗ апелираат до локалното население да соработуваат со медицинските и епидемиолошките тимови.

Досега сработените анализи не даваат јасна слика.

„Ние се уште не ја знаеме причината, причинителот уште ни е непознат. Во тек се испитувањата и чекаме резултати да видиме за што се работи. Редовно ја следиме состојбата, редовно спроведуваме епидемиолошки увиди, ги анкетираме заболените пациенти“ додава Др. Зафировска.

Тим на ИЈЗ од утрово се приклучил на тимот на ЦЈЗ од Тетово и за само 24 часа примени се околу 140 пријави од граѓани.

Анализата на мострите вода подигнати од четири локации во Гостивар, ноќта меѓу четвртокот и петокот е речиси изработена.

Станува збор за физичко-хемиска  и за микробиолошка, се проверуваат резултатите и наодите кои утре ќе бидат доставени до Обвинителството, но не и до јавноста во интерес на истрагата.

Со цел анализата да биде изработена стручно и навремено, стручни лица од Институтот и викендов се на работа и ги анализираат примероците. Резултатите ќе бидат доставени до Јавното обвинителство за постапување во текот на утрешниот ден“ – вели Др. Драган Кочински, раководител на одделот „Епидемиологија на заразни заболувања“ во ИЈЗ.

Засега од полицијата и Обвинителството нема официјална потврда дека тимовите на ИЈЗ биле спречени да подигнат мостри или за приведени лица.

Според медицинскиот билтен во гостиварската болница „Ферид Мурад“ во последните 24 часа на Инфективното одделение се примени 204 лица и тројца се хоспитализирани а на детското одделение се примени 105 деца кои имале здравствени проблеми, што е досега највисока бројка во едно деноноќие и покажува дека пикот се уште не е достигнат.

Од понеделникот, кога според раководството на болницата во Гостивар се јавил првиот пациент, заклучно со денес над 1.400 гостиварчани побарале лекарска помош.

„Апелираме граѓаните да ги следат официјалните препораки, да одржуваат редовна хигиена на рацете, а лицата со повраќање, дијареја, покачена температура или знаци на дехидратација навремено да побараат медицинска помош“ – велат од Министерството за здравство.

На сила останува одлуката на АХВ за забрана за користење на вода од градскиот водовод.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сè уште ги чекаме резултатите за водата, штом ги добиеме, ќе ги објавиме, изјави обвинителката Јосифоска за Телма

Sasko Dimovski

Случајот со труењето од водата во Гостивар ќе има правен епилог, нема да биде како во случајот со Модуларната каде виновен беше кабелот, а не Филипче

Sonja Petrusevska

СДСМ: Епидемијата во Гостивар се развиваше пред очите на институциите – реагираа доцна

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе