Вести Економија Топ вести

Земјоделците бараат 30 денари откупна цена на пченицата, а не 8 до 10 колку што нудат откупувачите

Оваа година пченицата произведена на македонските полиња чини 19 денари, покажаа калкулациите на Националната мрежа на земјоделци. Полјоделците од сите региони во земјава на состанокот во Свети Николе донесоа неколку заклучоци, меѓу кои и барањето до Земјоделскиот институт да ја потврди производната цена.

Според нив економски оправдана цена за пченицата е 30 денари.

Националната мрежа на земјоделци формираше и работна група, која од институтциите ќе бара помош и решенија за годишната реколта на житни култури.

Годишното производство изнесува околу 250.000 тони пченица, а потребите на населението се над 370.000 тони. Каракашев вели дека земјоделците ниту во најдобрите години не можат да ги задоволат потребите на населението, но како што рече, тоа не значи дека треба да увезуваме по дампинг цени и да се рушат цените на  производителите.

Производителите на жито почнаа со жетвата на јачменот, а додека ја чекаат новата откупна цена дел од пекарите ја зголемија цената на лебот. Мелничарите велат дека станува збор за импликација на зголемените цени на пченицата на светските берзи и регионалните пазари во мај, за исто толку проценти.

Граѓаните секојдневно ја чувствуваат инфлацијата, зголемувањето на цените на производите е по два, три или пет денари, па затоа ги следат акциите низ супермаркетите и ги споредуваат цените, за да заштедат некој денар.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Доналд Сатерленд- канадското уметничко засилување на холивудскиот филм

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова – Агелер: Евроинтеграциите позитивно влијаат врз демократската и економската консолидација на земјите од регионот

Дејан Дејан

Свесна стратегија за нов геополитички и евроинтегративен ќорсокак или излезна по „гафот“ на Силјановска – аналитичарите во „Вин-Вин“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе