Вести Свет

Г7 постигна напредок, но не и конечен договор за парите за Украина од замрзнатите руски средства

Претставници од Групата седум најбогати демократии рекоа дека постигнале напредок во разговорите за одземање на профитот на руските средства замрзнати во земји од западот но се уште не постигнале конечен договор за тоа како ќе се трошат овие пари.

Конечната одлука за тоа ќе ja донесат националните лидери на Г7, вклучително и САД пред самитот закажан за следниот месец.

Најважната актуелна тема, исто така, што се однесува до вестите е поддршката за Украина и особено користењето на руските замрзнати средства. Постигнавме одреден напредок. За делот за руските средства ќе зборува и гувернерот (Банката на Италија), се уште не е финализиран бидејќи има неколку забележливи технички и правни прашања, но она што ќе биде потврдено во конечната декларација е силна заеднички политички став од сите земји од Г7, порача италијански министер за финансии Џанкарло Џорџети.

Конгресот на САД усвои закон со кој ѝ дозволува на администрацијата на Бајден да ги заплени руските средства од околу 5 милијарди долари лоцирани во САД, но европските земји имаат потешка одлука пред нив бидејќи поголем дел од замрзнатите руски средства или 260 милијарди долари се во европските банки.

Имаме доволно време да ја подготвиме нашата одлука. Предлогот што го опишувате (користење на руски средства до крајот на годината) е прилично лесен за спроведување, дури и ако зборуваме за искористување на идните приходи од замрзнати руски средства. Постои општ договор меѓу земјите од Г7. Верувам дека нема пречки тоа да се спроведе, рече украински министер за финансии Серхи Марченко.

Наведувајќи ја правната загриженост, европските претставници се откажаа од целосното конфискување на парите и предавање на Украина како компензација за уништувањето предизвикано од Русија.

Наместо тоа, тие планираат да ја искористат каматата што се акумулира на средствата, но тоа е само околу 3 милијарди долари годишно што пак претставува сума која само еден месец би ги покрила финансиски потреби за украинската влада.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како Мисајловски заврши во одбрана, а Тошковски остана во внатрешни работи- кои се министрите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Дејан Дејан

Мицкоски очекува сите партии во Собранието да ги гласаат измените на Законот за локална самоуправа

Дејан Дејан

Потврдени имињата на министрите во идната влада, Златко Перински за локална самоуправа, Љупчо Димовски кој ќе биде вицепремиер за политички систем и Шабан Салиу, кој ќе биде министер без ресор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе