Вести Свет

Њујорк со финансиска поддршка ќе се обиде да ги зачувува сегашните и идни новинари

Њујорк нуди 90 милиони долари даночни кредити на новинските куќи за да ги поттикнат новинарите да продолжат да работат, но и да привлечат нови, поради намалениот број медиумски работници во локалната информативна индустрија.

Според експертите, печатената индустрија во САД веќе долго време е во пад, а најголем пад се забележува во делот на приходите од реклами. Тоа ги поттикна пратениците од државата Њујорк да помогнат со мерки кои би биле од голем бенефит за медиумските печатени куќи.

Тригодишната програма на Њујорк која се предвидува, ќе им овозможува на некои новински организации да ги искористат предностите на даночните кредити што се враќаат секоја година, при што може да се добие до 320.000 долари даночни кредити годишно.

Државниот сенатор Бред Хеулман-Сигал, демократ кој го спонзорираше нацрт-законот, рече дека зачувувањето на работните места во новинарството е од витално значење за здравјето на демократијата. Даночните олеснувања генерално би биле достапни само за новински куќи кои не се на берза, иако ќе има исклучок за одредени медиумски компании поради намалениот тираж.

Законодавците во неколку држави имаат различни пристапи за да им помогнат на новинските организации што се борат да преживеат.

Во Калифорнија се разгледува нацрт-закон со кој технолошките гиганти како Гугл, Фејсбук и Мајкрософт ќе треба да плаќаат процент од приходите од реклами на медиумските компании за да се поврзат со нивната содржина.  Додека во Илиноис, пратениците предложија програма за стипендии за новинарство, даночен кредит и барање новинските куќи, за да ја известат за плановите за работа четири месеци однапред. Во Конектикат и Илиноис, би наложиле дел од парите што државата ги троши за рекламирање да оди на локалните медиуми.

Најголем дел од мерките што напредуваа оваа година беа спроведени во државите под контрола на демократите. Во САД, 203 окрузи немаат локален печат, велат во извештајот минатата година од Факултетот за новинарство Медил на Универзитетот Нортвестерн.

Њујоршката програма, што ќе започне во 2025 година, а ќе ги подели даночните кредити на два дела, со околу 4 милиони долари даночни кредити, достапни за да им се помогне на редакциите да ангажираат персонал и 26 милиони долари кредити за негово задржување.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како Мисајловски заврши во одбрана, а Тошковски остана во внатрешни работи- кои се министрите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Дејан Дејан

Мицкоски очекува сите партии во Собранието да ги гласаат измените на Законот за локална самоуправа

Дејан Дејан

Потврдени имињата на министрите во идната влада, Златко Перински за локална самоуправа, Љупчо Димовски кој ќе биде вицепремиер за политички систем и Шабан Салиу, кој ќе биде министер без ресор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе