Вести Македонија

Асоцијацијата МУНА одржа Модел на Обединети нации во МНР

Обединети нации претставуваат меѓународна организација основана во 1945 година, како обединување на народите, одржување на меѓународниот мир и безбедност, развојот на пријателски односи меѓу народите, промовирање на социјален напредок, подобар животен стандард и застапување на човековите права. Заседавањата на Обединетите нации се карактеризираат преку донесување на резолуција која претставува одлука, или декларација за која гласаат сите земји-членки на ОН во Генералното Собрание.

Едни од најкарактеристичните дејствија на Обединетите нации претставува нивниот модел на заседавање. Идејата да се создаде академија за дипломати во формат на Модел на Обединети нации е застапен во многу  средни училишта ширум светот, но постои и се спроведува како академија и кај нас.

Во Македонија до ваквата идеја дојде Андреј Николовски, кој е основач на Асоцијација на Обединетите нации во Република Северна Македонија (МУНА). Основана во 2020 година и истата е членка на Светската Федерација нa Aсоцијации на ООН (WFUNA).

Клучни иницијативи на Асоцијацијата е да се прошири знаењето за работата на Обединетите нации, и преку одржување на академија со спроведена обука да се обезбеди знаење и можност на младите, да научат како да се вклучат во решавање на глобалните прашања.

,,Работиме на зајакнување на соработката меѓу владиниот сектор, агенциите на ОН и младите во Република северна македонија. клучно е идните млади дипломати да се стекнат со искуство во решавање на глобалните проблеми и јавно говорење, а токму тоа го нуди муна” изјави Георгина Коминовска, директорка за комуникации и интернационална соработка во МУНА.

Во рамки на програмата на Асоцијацијата МУНА на 22 и 23 мај се одржа Моделот на ОН во просториите на Министерството за надворешни работи. Тема која младите делегати ја разработуваа беше ,,Зајакнување на улогата на Панелот на експерти и следење на санкциите предвидени за Северна Кореја”.

Свечената церемонија ја отвори Росана Дуџак, координаторoт на ОН во Република Северна Македонија, а потоа настапија обраќањата на државниот секретар Филип Тосевски, основачот на Асоцијацијата МУНА Андреј Николовски и Георгина Коминовска директорката за комуникации и интернационална соработка во МУНА.

Теа Димковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како Мисајловски заврши во одбрана, а Тошковски остана во внатрешни работи- кои се министрите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Дејан Дејан

Мицкоски очекува сите партии во Собранието да ги гласаат измените на Законот за локална самоуправа

Дејан Дејан

Потврдени имињата на министрите во идната влада, Златко Перински за локална самоуправа, Љупчо Димовски кој ќе биде вицепремиер за политички систем и Шабан Салиу, кој ќе биде министер без ресор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе