Вести Свет Топ вести

(ВИДЕО) Еден од напаѓачите во Москва признал дека нападот го извршил за 5.000 евра

Руските медиуми објавија видео на кое еден од приведените под сомнение дека учествувал во нападот на трговскиот центар „Крокус“ во околината на Москва, го признава делото и вели дека за тоа бил платен 5.000 евра.

На снимката, човекот се претставува, го дава својот датум на раѓање и тврди дека добил инструкции преку Телеграм, каде што „ја слушал лекцијата на проповедникот“, а помошникот на проповедникот го контактирал пред околу еден месец.

Телеграм каналите „База“ и „Внимание, вести“ напишаа дека за терористичкиот напад се осомничени државјани на Таџикистан.

Шефот на Советот за информатичка политика на Државната дума, Александар Хинштајн, изјави дека двајца осомничени се приведени во областа Брјанск, а во автомобилот што го возеле биле пронајдени таџикистански пасоши.

Министерството за надворешни работи на Таџикистан соопшти дека не добиле потврда од руските власти за „лажните информации кои моментално кружат за вмешаност на таџикистански граѓани“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе загинати во урнат трговски центар, 40.000 домаќинства без струја – првичен биланс по силниот земјотрес во Јапонија

Sasko Dimovski

Полицијата уште ги бара двајцата вандали кои со шовинистички пораки го „нагрдија“  српското културно друштво во Куманово – Работиме интензивно, велат од СВР Куманово

Дејан Дејан

И Мицкоски со став дека Протокол со Бугарија не е дел од Преговарачката рамка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе