Вести Македонија Најважни

Пациенти на ден пред смртта се воделе дека примаат скапа терапија – Обвинителството со детали за случајот „Онкологија“

Наместо 3,6 милиграми, еден пациент наводно примил и осум дози повеќе. Проневерите оделе дотаму што и пациенти на ден пред смртта се воделе дека примаат од скапата биолошка терапија против малигни заболувања. Обвинителството во проверка на над 25.000 медицински досиеја ја открила шемата дека тројца онколози препишувале повисоки дози, двајцата директори одобрувале и набавувале неплански огромни колични на скапа онколошка терапија.

Лекарите и директорите се разоткриени и преку досиејата на пациентите и начинот на давање на лекот спротивно на медицината базирана на докази.

„Лек кој треба да се администрира на 21 ден, фиктивно се издава на седум дена за да се создаде лажна слика дека на хартија е оправдан, ама медицински пациентот не би можел да ги прими на седум дена заради медицина базирана на докази,“ објасни обвинителката Ана Гоговска Јакимовска.

Откако, терапија се делела неконторлирано и се одлевала од клиниката, тогашниот директор Нино Васев го кршел законот за јавни набавки и обезбедувал нови колични.

„Набавени се лекови на реверс пред склучување на договор, во период кога постапките за јавна набвака не биле спроведени од здравство, а фактурите така изговени биле доставени до клиниката по склучувањето на договорите, без почитување на конкурентноста. Склучувани се договори без фонд на здравство за што мора да имаат согласност од ФЗОМ,“ објаснува Јакимовска.

За онколозите не се побарани мерки и може да продолжат да работат со пациенти. Судот одлучи да им го одземе пасошот на Нино Васев и Нехат Нухи и да им забрани да го напуштаат живеалиштетото, додека на Васев му се забранува и да се доближува на своето работно место.

Досега предистрата на обвинителството покажала дека се препишувале вишоци на лекови кои сè уште не се знае каде завршиле. Засега е познато дека не завршиле на црниот пазар во Косово, а се чека одговор од Албанија. Обвинителството има сознанија и за стан каде се чувале лековите кои биле злоупотребени. Обвинителството прегледало 25.500 електронски и хартиени досиеја и разговарало со 35 до 40 онколошки пациенти.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полицијата уште ги бара двајцата вандали кои со шовинистички пораки го „нагрдија“  српското културно друштво во Куманово – Работиме интензивно, велат од СВР Куманово

Дејан Дејан

И Мицкоски со став дека Протокол со Бугарија не е дел од Преговарачката рамка

Sasko Dimovski

Заболените од западно-нилска треска се од Скопје и сите не патувале надвор од државата – регистрирани се и заразени од маларија, Денга-треска и Зика

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе