Пратениците на Демократската унија за интеграција (ДУИ) нема да ги поддржат предлозите за министри во техничката влада од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, пренесува МИА, повикувајќи се на извори од партијата.
Оваа одлука на ДУИ доаѓа откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски претходно истакна дека Талат Џафери не ја заслужува поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за технички премиер и во интерес на добрата атмосфера и демократскиот процес партијата би се воздржала од гласање.
Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска рече дека местата кои со закон и следуваат на опозицијата во техничката влада треба да останат празни додека ВМРО-ДПМНЕ не даде глас за таа влада.
Тој го повика идниот мандатар Џафери да направи влада во која министерските и дополнителните заменички министерски места ќе останат празни, а кога ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучи да ја поддржи техничката влада, тогаш да се вметнат нивните министри.
