Вести Македонија Најважни

По сторијата на Телма – Игор Пехчевски, кој боледува од цистична фиброза, добил најава дека ќе се бара решение за негово вработување

31 годишниот Игор Пехчевски кој пред два дена пред камерата на Телма отворено говореше колку им е потребен лекот трикафта на болните од цистична фиброза, но и дека му е потребно вработување за да има нормален живот и да не биде цел живот на товар на семејството, веднаш по сторијата добил најава дека надлежните институции се ангажираат за решавање на неговиот проблем.

Имал средба со градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, а се очекува од утре да се бара решение, односно вработување во некоја од институциите.

Игор вели дека пациентите со цистична фиброза живеат во страв дека здравствената состојба во секој момент може да им се влоши и да завршат во изолираната соба на Клиниката за пулмологија во Скопје.

На возрасните им е потребна поддршка од системот,  бидејќи по нивната 26-та година остануваат без бесплатни лекарства.

КОД: Исповед за болката и трка за подолг живот- цистична фиброза и државна негрижа

Државата едноставно ги смета веќе за здрави пациенти. Финансиската помош изнесува  само 3.500 денари.

Ова младо момче забележува дека целиот трошок околу лекувањето и примањето на соодветна терапија оди на товар на семејството.

Половина од платата на неговата мајка се троши токму за неговото лекување.

По нашата сторија и коментарите на социјалните мрежи на  прилогот на Телма доволно говорат за без резервната поддршка која ја доби ова момче со цистична фиброза од македонската јавност и за итна набавка на лекот трикафта за околу 130 пациенти, како и за неговото вработување.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ИЈЗ: Препораки до населението во Гостивар

Igor Trajkov

50 илјади литри дневно питка вода за Гостиварчани

Igor Trajkov

Ново „добредојде“ на влезот на Скопје – отстранет билбордот со грешките

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе