Националистичката антиимиграциска партија освои тесно мнозинство во парламентот, a со тоа дојде до пресвртница во шведската политика.
Иако од 2010 година кога влегоа во парламентот беа игнорирани од останатите политички партии, сега треба да станат дел од новото владеачко мнозинство. Станува збор за голема политичка промена во скандинавската земја која имаше повеќедецениска историја на прифаќање бегалци, но која сега се бори со бранот криминал поврзан со имиграцијата.
Пораз на изборите призна актуелната премиерка Магдалена Андерсон која доаѓа од страната на социјалдемократите и најави дека денеска од претседателот на Парламентот ќе побара оставка од функцијата.
Таа беше првата жена на оваа функција и премиерот кој ја водеше земјата во нејзиниот историски обид да се приклучи на НАТО алијансата по руската инвазија на Украина.
