Вести Свет

Самит на Шангајската организација за соработка во Узбекистан

Првпат од почетокот на руската инвазија врз Украина денеска се сретнаа претседателите на Кина и Русија, Си Џинпинг и Владимир Путин и тоа на самитот на Шангајската организација за соработка, што се одржува во Самарканд во Узбекистан.

Путин денеска на средбата со кинескиот колега Си Џинпинг во Самарканд ги осуди обидите на Западот да создаде „униполарен свет” и ја поздрави „балансираната позиција” на Пекинг по однос кризата во Украина.

Обидите да се создаде униполарен свет неодамна добија крајно грда форма и се целосно неприфатливи. Многу ја цениме избалансираната позиција на нашите кинески пријатели по однос на украинската криза, му рекол Путин на Си.

Си Џинпинг го уверил Путин дека Кина сака да ја преземе својата улога на „светска сила“, заедно со Русија.

Кина има намера да работи со Русија за да ја преземе одговорноста како светска сила, да игра водечка улога и да донесе стабилност и позитивна енергија во светот, што се наоѓа во хаос, изјави Си.

На самитот во Самарканд, на кој за прв пат од 2019 година лидерите се среќаваат, присуствуваат и претседателите на Турција и Иран, Реџеп Тајип Ердоган и Ебрахим Раиси, како и индискиот премиер Нарендра Моди.

Се очекуваат неколку билатерални средби и влез на Иран во евроазискиот политички, трговски и безбедносен блок.

Членки на организацијата се Кина, Русија, Индија, Казахстан, Киргистан, Пакистан, Таџикистан и Узбекистан.

Досега Иран имаше статус на набљудувач, како Белорусија и Монголија.

За земји партнери на Шангајската организација за соработка се сметаат Ерменија, Азербејџан, Камбоџа, Непал, Шри Ланка, Турција.

Организацијата беше формирана во 2001 година како против тежа на американското влијание во Азија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полицијата уште ги бара двајцата вандали кои со шовинистички пораки го „нагрдија“  српското културно друштво во Куманово – Работиме интензивно, велат од СВР Куманово

Дејан Дејан

И Мицкоски со став дека Протокол со Бугарија не е дел од Преговарачката рамка

Sasko Dimovski

Заболените од западно-нилска треска се од Скопје и сите не патувале надвор од државата – регистрирани се и заразени од маларија, Денга-треска и Зика

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе