Тешката зима може да доведе до протести и немири низ Европа каде руската инвазија на Украина веќе доведе до страшни економски последици, поради што постои страв од рецесија, алармираше шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, потенцирајќи дека во некои земји веќе постои страв од рецесија.
Георгиева вели, Ако мајката природа одлучи дека не сака да соработува, а зимата е сурова, може да дојде до социјални немири. Поради актуелната ситуација, Европската централна банка мора внимателно да ја балансира борбата против инфлацијата имајќи ја предвид неопходноста од зајакнување на економијата, потенцира шефицата на ММФ.
