Вести Свет

Ереван и Баку меѓусебно се обвинуваат за новите судири

 По дводневните жестоки вооружени пресметки на границата меѓу Ерменија и Азербејџан, Ереван се обрати до Организацијата на договорот за колективна безбедност, на чие чело е Русија, со барање да ѝ помогне да го врати територијалниот интегритет загрозен од нападите на азербејџанската војска..

Ерменските власти соопштија дека во дводневните пресметки загинале 105 припадници на армијата. Предупредуваат дека судирот би можел да прерасне во војна, што би бил вториот голем оружен воен судир во поранешниот Советски Сојуз додека руската војска е фокусирана на инвазијата во Украина.

Општ оружен конфликт би ризикувал да ги вовлече Русија и Турција, и да го дестабилизира важниот коридор за цевководи кои пренесуваат нафта и гас. За турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ставот на Ерменија кон Азербејџан е „неприфатлив“ и предупреди дека ќе има последици.Ердоган и Путин се договорија да се сретнат во Узбекистан каде ќе разговараат за новонастанатата ситуација на Кавказот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полицијата уште ги бара двајцата вандали кои со шовинистички пораки го „нагрдија“  српското културно друштво во Куманово – Работиме интензивно, велат од СВР Куманово

Дејан Дејан

И Мицкоски со став дека Протокол со Бугарија не е дел од Преговарачката рамка

Sasko Dimovski

Заболените од западно-нилска треска се од Скопје и сите не патувале надвор од државата – регистрирани се и заразени од маларија, Денга-треска и Зика

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе