Во период од една деценија од 2010 до 2020 година најмалку 500 илјади Албанци ја напуштиле земјата според официјалните податоци објавени од албанскиот институт за статистика, ИНСТАТ и ЕУРОСТАТ, додека бројот на оние кои ја напуштиле земјата повеќе од сигурно е многу поголем.
Германија е една од земјите која е најпосакувана дестинација за албанските имигранти.
Откако во соопштението од пред неколку дена, германската амбасада најави олеснување на процедурите за голем број струки, како лекари, медицински сестри, дадилки за деца, квалификувани работници сега секојденвно пред амабасадата има долги редици луѓе кои чекаат да добијат работна виза или за да се спојат со семејството.
Меѓу оние кои чекаат да аплицираат е и човек кој веќе пет години е разделен од сопругата која живее во Германија и е вработена како готвач. Според него, една од причините за заминување се тешките услови во кои се наоѓа државата.
За социологот Гзим Туши, заминувањето на албанските граѓани, пред се млади луѓе, се случува од повеќе причини, главно поради немањето перспектива за иднината.То вели дека државата треба да следи и други политики за да ги мотивира младите да останат тука во својата држава.
