Вести Македонија Најважни

ЕК: Не гледаме можност за измени во преговарачката рамка

Нема можност за реотворање и измени на преговарачката рамка што ја предложи француското претседателство, брифираат дипломатски извори. Ова не е фаза каде предложениот документ може да се промени, а интервенции во преговарачката рамка би значеле време за нови дискусии, и повторно барање согласност од сите 27 земји членки на Унијата. Тоа, велат дипломатите, би бил долгорочен процес за кој не се знае како ќе заврши. Никогаш до сега не се случило ревизија на преговарачката рамка, велат дипломатите.

Никој во Унијата не може да даде гаранции дека во текот на преговорите Македонија не би можела да се соочи со ново бугарско вето, а дипломатите тврдат дека во преговарачката рамка има многу компромиси. Сметаат дека македонскиот јазик е заштитен, и дека европското законодавство ќе се преведува на македонски јазик, но за втората фаза, кога македонскиот треба да стане официјален јазик на Унијата, одлуката повторно се носи со консензус, и никој не може да предвиди што би се случило до тогаш.

Ако Македонија ја прифати преговарачката рамка што ја предложи француското претседателство, почнува скриниг, за кој дипломатите очекуваат да трае околу една година. Сметаат дека тоа е доволно време за во Македонија да се води внатрешна дебата околу промена на Уставот за впишување на Бугарите.

Промената на Уставот останува услов за отворање поглавја, па дипломатите велат дека колку долго ќе трaе дебатата веќе е внатрешно прашање на Македонија на кој Унијата не може да влијае.

Како што сега стојат работите, како и со кое темпо ќе се одвива процесот нема никакви гаранции, но дипломатите тврдат дека во францускиот предлог има специфични прашања, но дека Македонија не е исклучок.

Марија Дивитарова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски порача дека ќе ја даде заклетвата со уставното име кое е “со придавка”

Дејан Дејан

Денови со температури над 40 степени – Македонија до недела во портокалова фаза

Дејан Дејан

Почина француската актерка Анук Еме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе