Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Таравари во „Топ тема“: Јавното здравство е пред хаварија, а Македонија го има еден од најлуксузните и најдобри приватни здравствени системи

Речиси да сме во хаварија во здравствениот систем, како и во повеќето институции во нашата држава. Кога нешто е во лоша и тешка ситуација, за мене секогаш е предизвик да се влезам и да се обидам да помогнам колку што се може, рече Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ, кој ќе раководи со министерството за здравство во новата влада.

„И општината беше предизвик. Два манадата се обидовме и дадовме максимум со екипата. Сега здравството е таму каде што реално припаѓам како професионалец и таму каде што можам да дадам најмногу од било каде на друго место. Македонија, честопати кажувам дека е држава на парадокси, на повеќе типови на парадокси, меѓу кои е здравството. Ако го анализирате приватното здравство, Македонија има меѓу најлуксузните и најдобрите приватно организирани здравствени системи, додека јавното здравство е пред тотален колапс. Имајќи во предвид дека тие сме луѓето кои што живееме во Македонија, помалку од еден и пол милион луѓе, тие се докторите и сестрите и како е возможно во приватниот здравствен систем да функционира се перфектно, а системот во јавното здравство да биде пред комплетна девастација“, коментира Таравари.

Тој се наврати на 2017 година, кога стана министер за здравство.

„Тогаш реков дека мој фокус ќе биде јавното здравство. Приватното нека си постои како конкуренција, меѓутоа ние како општество треба да се фокусираме на јавниот здравствен систем“, рече Таравари.

Во меѓувреме, вели лидерот на АА, треба да се размислува и на систем на осигурување.

„Некој кој плаќа повеќе за здравствено осигурување, да има можност да добие и подобри здравствени услуги, меѓутоа, генерално, државата да може да даде здравствена услуга на секој човек. Тоа е и уставна категорија дека секој од нас имаме право да добие здравствена услуга во сите јавни здравствени установи“, вели Таравари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со дигитализирани и поврзани институции има поефикасна борба против корупцијата и подобри услуги кон граѓаните

Дејан Дејан

Пожарот над  Битола е под контрола, но се уште има неколку активни жаришта

Дејан Дејан

Тендерџијата Чифлигароски во бегство, неговите директори добија по две години затвор

Сашо Чавдаров

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе