Опозицискиот лидер ја повика Европската унија да стави крај на фашизоидните и хегемонистички намери од страна на нашиот источен сосед и да направи притисок, Македонија конечно да ги почне преговорите.
Вели дека, нема друго решение после провокацијата со отворањето на културниот клуб „Ванчо Михајлов“,викендов во Битола.
Негирањето на македонското малцинство во Бугарија, според него, нема никаква врска со европските вредности кои овие политичари треба да ги промовираат.
И лидерот на албанската опозиција, Зијадин Села, смета дека ваквите провокации не придонесуваат за решавање на спорот.
Добар чекор, според него, би било меѓусебното признавање.
Сепак, кога би стигнал едностран предлог, за признавање на бугарското малцинство овде, но не и на македонското во Бугарија, Села е подготвен да го прифати, со апел, тоа да се случи и во соседството.
Далиборка Демјанска Цветановска
