Вести Македонија

70-годишен поранешен полицаец се заканувал со убиство на Спасовски

Имал пушка-карабин, два пиштоли и 70-тина куршуми, а полицијата минатиот четврток му го нашла оружјето во два објекти кои ги користел откако претходно со мобилен телефон свртел во полициската станица Центар (Беко) и упатил закани кон министерот за внатрешни работи. Обвинителството денеска испрати соопштение за отворена истрага за поранешниот полицаец кој според достапните информации е на 70-годишна возраст.

Заканите ги упатил на 13-ти април 2022. година, стои во полициско соопштение од минатата недела. Обвинителството објави дека: осомничениот, од својот мобилен телефон, се јавил во полициска станица во Центар со закана дека ќе биде убиен министерот за внатрешни работи, по што веднаш ја прекинал врската.

Бил идентификуван по телефонот и лоциран. Уапсен е ден подоцна и му е определен притвор.

-Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против пензиониран полициски службеник од Скопје за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти обвинителството.

Казната за тоа дело е од 3 месеци до 3 години затвор. Обвинителството соопшти дека поранешниот полицаец имал и други кривични дела поради што е побарано продолжување на  притворот.

-Со оглед на тоа дека се работи за поранешен полициски службеник, но и за лице кое претходно е осудувано за други кривични дела, јавниот обвинител сметаше дека постои основаност на сомненијата дека лицето упатило сериозна закана да нападне врз животот и телото на службено лице. Поради опасност од бегство, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничениот, соопштија од скопското обвинителство.

Од МВР пак уште минатиот четврток објавија за заканата и најденото оружје, но не објавија дека цел на заканата е министерот Спасовски:

-На 14.04.2022 полициски службеници од Одделението за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ф. (70) од Скопје. При претреси од страна на полициски службеници извршени со наредба од Основен кривичен суд, на две локации кои ги користел С.Ф., пронајдени и одземени се оружје и муниција, и тоа: 1 карабин “Црвена застава”, калибар 8х57, 1 пиштол “Чешка зброевка” кал.7,65, 1 пиштол ‘Смит Весон’, кал.38 специјал, 20 куршуми кал.8х57, 36 куршуми кал.7,62 за карабин, 23 куршуми кал.38 специјал, 17 куршуми кал.7,65, куршум кал.7,62 за пиштол “ТТ-ЕЦ”, куршум кал.7,62 за автоматска пушка, каписла, лисици, палка на расклопување.

Притоа тој се сомничи дека сторил кривично дело по член 144 ст. 3 од Кривичниот законик, односно на 13.04.2022 упатил сериозни закани кон едно лице. При претресот се обезбедени и други докази, а лицето со кривичната пријава против него е предадено на ОЈО Скопје, додека од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полицијата уште ги бара двајцата вандали кои со шовинистички пораки го „нагрдија“  српското културно друштво во Куманово – Работиме интензивно, велат од СВР Куманово

Дејан Дејан

И Мицкоски со став дека Протокол со Бугарија не е дел од Преговарачката рамка

Sasko Dimovski

Заболените од западно-нилска треска се од Скопје и сите не патувале надвор од државата – регистрирани се и заразени од маларија, Денга-треска и Зика

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе